Македонската репрезентација ги дозна противниците во Купот на УЕФА региони

Македонската аматерска фудбалска репрезентација денеска со жрепка во Нион ги дозна противниците во квалификациите на Купот на региони на УЕФА за следната сезона.

Жрепката одлучи македонската репрезентација да игра во групата 3 во која се и селекциите на Србија, Словачка и Велс.

Осумте квалификациски групи треба да бидат комплетирани до 6 декември, идната година, а првопласираните селекции ќе обезбедат пласман на завршниот турнир чиј термин и домаќин дополнително ќе бидат познати.

Титулата во аматерското клупско натпреварување во организација на УЕФА ја брани шпанска Галија, која во финалето на 12. издание беше поуспешна од Белград

Back to top button
Close