Македонската репрезентација напредуваше четири позиции на ФИБА ранг-листата за кошаркарки до 20 години

  Светската кошаркарска федерација – ФИБА ги сумираше резултатите во младинските категории.

– Први на „дневен ред“ беа  натпреварувањата во женскиот сегмент. А по „пресекот“ направен по завршувањето на јуниорското Светско првенство, нашите женски селекции  се најдоа на 37 позиција во оној европски ранкинг-систем кој се применува од оваа календарска година. За резултатите остварени во текот на 2022 година, Македонија во овој момент има 123.8 бодови, што е напредување за четири позиции во однос на последното рангирање, објави КФСМ.

На светско ниво, „црвено-жолтите“ се најдоа на 78. место во вкупниот рејтинг.

Back to top button
Close