Македонската репрезентација остана на 65. место на ФИФА ранг листата


Македонската фудбалска репрезентација остана на 65 место на најновата ранг листа на ФИФА објавена денеска.

Македонските фудбалери овој месец одиграа два натпревари кои резултатски завршија неповолно.

На 13 ноември, избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа без голои во пријателски натпревар во Скопје против Летонија, а вчера претрпеа убедлив пораз од 7-1 од Велс на гостувавњето во Кардиф во рамки на завршниот натпревар во групата Ј во мундијалските квалификации.

На најновото ФИФА рангирање, македонската репрезентација остана на 65 место со 1378.57 поени, што е за 12.03 помалку во однос на последниот ранкинг.

Шпанија го задржа првото место, пред Аргентина, Франција и Англија, а Бразил напредуваше две места и се врати во топ 5 во рангирањето на ФИФА.

Back to top button
Close