Македонската шаховска федерација домаќин на младинско екипно Балканско првенство

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) од денеска до 11 декември ќе биде домаќин на Балканското екипно првенство до 18 години.

Шаховската Балканијада ќе се одржи во хотелот „Скардус“ на Попова Шапка со поддршка на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).

Македонскиот селектор Орце Данчевски повика четири шахисти, од кои двајца ФИДЕ мајстори, и една шахистка.

Македонската репрезентација на Балканијадата ќе ја претставуваат Емил Ристески (ФМ, 2.371 рејтинг), Андреј Велјановски (ФМ, 2317), Леонид Петрески (2.122), Антон Златков (2.107) и Моника Жежовска (1.654).

Back to top button
Close