Македонски доктори учествувале во лекувањето на жртвите во крвавиот напад во Магдебург
Македонската амбасада во Германија објави на нивниот Фејсбук профил дека двајца македонски доктори биле дел од лекувањето на жртвите во крвавиот напад во Магдебург.
– Горди со д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.
Синоќа лице намерно со автомобил удри во толпа луѓе кои беа дел од традиционалниот божиќен пазар. Во трагичниот напад повредени се 200 лица, а пет починаа.
Мотивите засега се непознати, но обвинителните се сомневаат дека станува збор за незадоволство од односот на Германија кон бегалците од Саудиска Арабија.