Македонските фудбалери поразени од Германија


Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со пораз ги почна квалификациите од елитната фаза за пласман на Европското првенство, откако попладнево загуби од Германија 2-1 (2-0)

Избраниците на селекторот Влатко Колев конфузно влегоа во натпреварот, дозволувајќи и на фаворизираната Германија веќе на самиот почеток да дојде во водство со голот на Мирза во третата минута, а во 26 минута Велт ја удвои предноста на противникот.

Македонските фудбалери одиграа многу поквалитетно во вториот дел и со голот на Џангаровски во 63 минута ја преполовија негативата, но не успеаја до крајот да освојат бод против големиот фаворит.

Во вториот натпревар од воведното коло ма квалификацискиот турнир чиј домаќин е Словенија, репрезентацијата на Франција го совлада домаќинот со 2-0.

Македонските фудбалери во втоторо коло во квалификациската група А1 ќе се соочат со Франција, в сабота, а во завршнниот натпревар, на 31 март, противник ќе им биде Словенија.

Back to top button
Close