Македонските фудбалски надежи поразени од Бугарија во „малото финале“ на турнирот „Миљан Миљаниќ“

– Македонската фудбалска кадетска репрезентација загуби попладнево од Бугарија со 3:1 (1:0) во натпревар за третото место на меѓународниот пријателски турнир „Миљан Миљаниќ“ во Србија.

Бугарската репрезентацијата по еден час игра на мечот во Стара Пазова имаше предност од 2:0 со головите на Кристијан Бојчев и Роберто Рајчев. Македонскиот капитен Мартин Ѓорѓиевски го намали водство на противникот на 2:1 на средина од второто полувреме, а Бугарите преку Виктор Василев во финишот на мечот ја заверија победата и третото место на турнирот „Миљан Миљаниќ“.

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на првиот натпревар на турнирот во Стара Пазова беше поразена од Црна Гора на пенали со 6:5, откако мечот во регуларниот дел заврши без голови. 

Back to top button
Close