Македонските кошаркари од осмиот „шешир“ во утрешната жрепка ги чекаат противниците за Мундијалските квалификации

Македонската кошаркарска репрезентација од осмиот „шешир“ заедно со селекциите на Шведска, Португалија и Словачка го чека утрешното извлекување на групите за квалификациите за Светското првенство 2023.

Состав на другите „шешири“:

1: Шпанија, Француска, Словенија, Србија
2: Италија, Литванија, Грција, Германија
3: Чешка, Полска, Русија, Турција
4: Црна Гора, Летонија, Украина, Хрватска
5: Финска, Грузија, Белгија, Унгарија
6: В.Британија, Израел, БиХ, Холандија
7: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија.

Рангирањето на селекциите е извршено според нивниот пласман на ФИБА листата

Жрепката ќе се одржи утре од 12 часот во „Куќата на кошарката Патрик Бауман“ во Мие.

Back to top button
Close