Македонските кошаркари пред полни трибини ја пречекуваат Естонија

Македонската машла кошаркарска репрезентација ќе има голема поддршка од трибините на воведниот евроквалификациски дуел вечерва против Естонија во Скопје, откако сите билети за дуелот во СРЦ „Кале“ се продадени.

„Билетите за натпреварот Македонија – Естонија во рамки на квалификациите за Евробаскет 2025 се распродадени. Вратите на СРЦ Кале, за сите оние кои успеаја да купат билет, ќе бидат отворени од 18:00 часот.“, соопшти попладнево македонската кошаркарска Федерација.

Почетокот на натпреварот е закажан за 19:00 часот.

Дуелот е во рамки на квалификациската група Х во која Литванија вчера во премиерниот натпревар ја совлада Полска на домашен терен со 83-64.

Back to top button
Close