Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

– Македонската репрезентација составена од ракометарки до 19 години синоќа забележа убедлив триумф над Косово со 33:16.
Најефикасна во победничкиот состав беше Андреа Седлоска со осум погодоци
.И покрај убедливата победа, „црвено-жолтите“ не изборија пласман во полуфиналето и ќе разигруваат за 5-8. место.
Првите две места во групата Б-2 им припаднаа на Фарски Острови и на Холандија.
Од Б-1 групата полуфинале изборија Шпанија и Литванија.






