Макрон ќе оствари телефонски разговор со Путин поради ситуацијата во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во обид да се деескалира конфликтот со Украина, поради стравувањата на Западот дека Москва можеби планира инвазија. Макрон ги гледа разговорите и како можност да види каде точно стојат и двајцата во сегашната ситуација. Тој се надева и на појаснување од руска страна за некои потези, јави ДПА. Извори од Кабинетот на Макрон наведуваат дека францускиот шеф на државата сака уште еднаш да нагласи дека руската инвазија ќе има сериозни последици.

Западните држави се многу загрижени дека инвазијата може да биде неизбежна, бидејќи 100.000 руски војници се стационирани во близина на границите на Украина. Русија постојано ги негира таквите планови. овски

Back to top button
Close