Макрон го обвини Путин за морален и политички цинизам

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ситуацијата во Украина се влошува и го осуди „моралниот и политичкиот цинизам“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Руските власти објавија дека на цивилите кои бегаат од украинските градови ќе им биде дозволено да заминат само во Белорусија или Русија, што е спротивно на првичниот повик упатен во неделата од Макрон до Путин, барајќи од него да спроведе прекин на огнот и да ги заштити цивилите.

 

Back to top button
Close