Макрон најавува тешко лето: Пожарите во Франција се најголемите од Втората светска војна

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја се соочува со најлошите пожари од Втората светска војна, додека противпожарните служби во Франција, Шпанија и Обединетото Кралство се обидуваат да ги стават под контрола пожарите.

При посетата на пожарникарите кои се борат со пожарите во иконската шума Фонтенбло јужно од Париз, Макрон рече дека ова лето ќе биде „тешко“, со рекорди кои веќе беа соборени пред пикот на сезоната на шумски пожари.

Јавните обвинители започнаа истрага против компанијата и нејзините работници кои користеле електрична пила додека вршеле поправки на блискиот автопат. Истражителите веруваат дека искра од пила ја запалила вегетацијата.

Пожарникар доброволец беше уапсен откако призна дека го запалил пожарот користејќи запалка и бензин, додека друг човек ненамерно го запалил пожарот фрлајќи отпушок од цигара.

Властите во Шпанија објавија дека пожарот во Арагон веќе уништил 4.500 хектари шума, ниска вегетација и земјоделско земјиште. Регионалната влада на североистокот на земјата потврди дека пожарот во близина на селото Ореса е сè уште надвор од контрола.

Неколку блиски села беа евакуирани, а медиумите објавија дека 500 луѓе биле погодени. Властите очекуваат дека ќе бидат потребни неколку дена за да се стави пожарот под контрола.

Поради шумски пожар во Шкотските висорамнини, домовите, камповите и другите објекти беа евакуирани. Британските медиуми објавија дека пожарот избувнал вчера наутро и се разгорел во текот на ноќта во Националниот парк Кернгормс. До денес попладне, пожарот бил ставен под контрола.

Back to top button
Close