Макрон со писмо ја искажа својата доверба во армијата: Знам дека можам да сметам на вас

 Само неколку часа по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата во Украина, претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, кажа дека станува збор за  „најсериозниот и најнеинхибиран напад од демонстрациите на моќ на рускиот режим од крајот на СССР“, јавува дописникот на МИА.

Додека околу 200 ловци моментално се на пат кон Романија за да го зајакнат системот на НАТО, Макрон во својата порака до армијата употреби остар јазик: „Ниту нападнат, ниту загрозен, рускиот режим ја презема употребата на сила како начин на изразување во меѓународните односи“. 

Пораката беше и можност тој да укаже на фактот дека Франција „знае дека може уште еднаш да смета на својата армија“, изразувајќи ја својата лична доверба во неговите вооружени сили.

-Знам дека можам да сметам на вас, при извршувањето на вашите мисии да покажете голема внимателност и потребна воздржаност при можно вмешување, рече францускиот претседател.

Иако претседателот на Републиката ги предупреди своите копнени, морски и воздушни сили, тој не планира да испрати војници во Украина.

Back to top button
Close