Макрон: Солидарноста е најважна во распределбата на вакцините во светот

Најкритично прашање во овој момент е солидарноста во дистрибуцијата на вакцините во светот, а не откажувањето од правото на патенти над вакцините, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

– Кое е моменталното прашање? Не се работи навистина за интелектуална сопственост. Може ли да им дадете интелектуална сопственост на лабораториите кои не знаат како да произведат и утре нема да произведуваат, ги праша Макрон новинарите по пристигнувањето на самитот на Европската унија во португалскиот град Порто.

Францускиот претседател истакна дека главното прашање е солидарноста во распределбата на дозите.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close