Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на САД
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Европа е сојузник на Соединетите Американски Држави и дека ако САД сакаат Европа да се вклучи во поголеми инвестиции, безбедност и одбрана, тоа не треба да им наштети на европските економии заканувајќи им се со царини.
„Моето прво прашање до САД е: Дали Европската Унија е вашиот прв проблем? Не, не мислам така. Вашиот прв проблем е Кина. Второ, Европа е сојузник за вас. Ако сакате Европа да биде ангажирана во поголеми инвестиции и безбедност и одбрана… не треба да им наштетувате на европските економии заканувајќи им се со царини“, рече францускиот претседател, пренесе Си-Ен-Ен.
Трамп го критикуваше трговскиот дефицит на САД со Европската унија, кој порасна за 26,9 милијарди долари на 235,6 милијарди долари во 2024 година, според податоците на американската влада.
„Од гледна точка на Америка, ЕУ се однесува со нас многу, многу неправедно, многу лошо“, рече тој на Светскиот економски форум во јануари.
Макрон се спротивстави на изјавата на Трамп, тврдејќи дека трговскиот дефицит го игнорира значајното трошење на Европа за дигитални услуги, кое често е исклучено од таквите пресметки