Максим Димитриевски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Куманово

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски ќе биде кандидат на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ) за градоначалничката функција во Куманово, соопшти претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков.

 

Игор Филков, претседавач на Централниот одбор на ЗНАМ / Фото: Принтскрин

Филков ова го кажа на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашањето дали партијата преговара со својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ за зааеднички настап на локалните избори.

„Во моментот преговорите се во тек. Но, она што можам да го потврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои се уште траат преговорите“,рече Филков во одговор на прашањето.

На прашањето дали Движењето ЗНАМ би поддржало една изборна единица, тој вели:

„Ние како ЗНАМ сме подготвени уште утре да има избори, сеедно со било каков модел. Со ова рапидно растење, со ова пристапување на членови и потенцијал, може и во недела да излеземе на избори со било кој модел.“

На денешната прес-конференција Филков информираше за формирањето на Градската организација на ЗНАМ во Скопје. За претседател на Градската организација едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротрехника и информациски технологии и актуелен заменик-министер во Министерството за енергетика.

Меѓу останатите членови се Горан Ајдински, Силвана Кржовска, Горанчо Котески, Билјана Андреска-Богданоска, Јорданчо Давитков, Крумислав Мишко Барзов, Ѓоко Буневски, Александра Цветановска, Радмила Чрчева Николова и Љупчо Марковски Калц.

„Овој чекор не е само формалност. Ова е почеток на една сериозна, силна и решителна политичка борба. Ова е гласна порака, од срцето на државата, од главниот град Скопје, дека промената што ја бараат луѓето насекаде низ Македонија, веќе добива своја форма, своја структура и своја сила. Ќе се бориме Скопје да се врати на неговите граѓани и да се ослободи енергијата и потенцијалот на овој град“,рече Филков.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close