Манасиевски: Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи
Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата.

Додека тука во Македонија, Филипче говори дека тешко се живеело, луѓето едвај сврзувале крај со крај, платите биле ниски и слични манипулации од негова страна, паралелно замина на одмор во Дубаи, една од најскапите држави во светот.
Филипче нема само едно лице, туку повеќе. Еднаш е загрижен за пензионерите, ама од друга страна сака да им ги укинат зголемувањата на пензиите, друг пат е загрижен за младите, меѓутоа неговата партија ништо не направи додека беа на власт за младите а толку многу ветуваа, трет пат е загрижен за пациентите во здравството, како воопшто да не беше министер за здравство и како да не местеше тендери и анекси за 20% повеќе да заработи, четврт пат е загрижен за земјоделците, но во негово владеење и неговите партнери, не им се исплаќаа субвенциите на земјоделците и производите завршуваа на буниште и пред влада, и така натаму да не ги редиме многу се.
Меѓутоа, на СДС не им пречи тоа што Венко со докторска и пратеничка плата има недвижност во Дубаи, според сведоштвата за коишто не слушнавме од него демант. Како стигнал до тие средства, треба АКТ на СДС да истражи.
Исто така на СДС и Венко не им пречи тоа што Заев, земјоделец од Струмица, стана милионер и гради 42катница во Дубаи. Како Заев стигнал до милиони за бизнис и градење на висококатница во Дубаи, АКТ на СДС треба и тоа да го истражи.
Почитувани граѓани, на СДС не им е до реформа или освежување на кадарот. Тие си тераат по теркот на Заев, потпишан од Филипче.
На СДС единствено што им пречи е тоа што не се власт. А дека не им е грижа за проблемите на граѓаните, видовме од нивното 7 годишно владеење.
Очекуваме во новата 2026 година, криминалците како Зоран Заев и Венко Филипче, конечно да одговараат.






