Манасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата

– СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се нивните соработници на криминалот и корупцијата. Мал дел на судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, го корозираат правосудниот систем и носат одлуки спротивни на правдата, но на иста линија со нивните наредбодавци, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиески на прес-конференција.

Дозволете да се потсетиме на неколку судии и обвинители, поточно на Катерина Коларевиќ, обвинителката која го затвори случајот Мазут, а чиј татко беше избран за државен правобранител од влада на СДС, а чија мајка беше избрана за уставен судија во време на коалицијата на СДС и на ДУИ.

 

Пајазит Пајазити, судијата близок до ДУИ, кој одлучуваше во случаите со Блерим Рамадани, упадот во контролата на летање и Иџет Мемети.

 

Да се потсетиме и на Даниела Алексовска Стојановска, судијката која во својата куќа, имаше сместено штаб на СДС.

И секако, да не го заборавиме Ислам Абази комшијата на Ахмети од Зајас, кој одработи за функцијата шеф на ОЈО ГОКК, со затворање на случајот со модуларната болница.

Ете, ова е системот кој СДС и ДУИ го градеа со години, со ставање на свои луѓе на високи позиции во правосудството.

И за овој систем мора да има одговорност. Ние не забораваме.

Back to top button
Close