Манчестер сити нема да се засилува во претстојниот трансфер рок

 Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, соопшти за плановите на граѓаните за зимскиот преоден рок.

– Никој нема да потпишеме во текот на зимата. Не разговаравме за тоа, но клубот ќе ја заврши сезоната со играчите што ги имаме сега, изјави Гвардиола за „BeIN Sports“.

Манчестер сити во моментов се наоѓа на второто место на премиерлигашката табела со 35 освоени бодови од 17 натпревари.

Лидер е Манчестер јунајтед со 37 бода, но и натпревар повеќе од градскиот ривал.

Back to top button
Close