Манчестер сити постави клупски рекорд

 Манчестер сити вчеравечер го победи Челзи (1:0) во полуфиналето на ФА Купот и постави рекорд во историјата на своето постоење.

„Граѓаните“ ја продолжија низата без пораз на 29 меча, што е најдобар клупски резултат. Тимот на Пеп Гвардиола победи 23 пати, а шест пати ремизираше.

Поразите при изведување пенали не се бројат. Сити оваа недела загуби од Реал Мадрид (1:1, 3:4 по пенали) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во финалето на ФА купот, противник на Манчестер сити ќе биде поуспешниот од денешната пресметка Ковентри – Манчестер јунајтед (почеток 16:30 часот).

Back to top button
Close