Манчестер Јунајтед веќе го има првото засилување

Тековната сезона уште не е завршена, но плановите за новата сезона и составите на екипите се подготвуваат. Управата на Манчестер Јунајтед сè уште нема решение за менаџерската функција, но веќе го имаат потенцијалното ново засилување. Станува збор за фудбалерот на Нотингем Форест 23-годишниот Елиот Андерсон.

Фудбалерот е стандарден во својот тим, а успеа да избори место и во англиската репрезентација кај селекторот Томас Тухел. Британските медиуми споменуваат дека неговиот трансфер би чинел околу 100 милиони фунти.

За да обезбедат дел од средствата „црвените ѓаволи“ ќе ги продаваат Маркус Рашфорд и Расмус Хојлунд и се надеваат дека ќе успеат да обезбедат најмалку 70 милиони евра. Двајцата настапуваа како позајмени, Рашфорд во Барселона, а Хојлунд во Наполи.

Back to top button
Close