Мареј ќе го пропушти Вимблдон поради операција на грбот


Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го пропушти Вимблдон. Тој ќе закрепнува по операцијата на грбот.

– За жал, Енди Мареј се повлече од Вимблдон по операцијата. Одмори и закрепни Енди. Ќе ни недостасуваш, велат од АТП на социјалните мрежи.

Мареј е трикратен победник на Грен слем турнирите. Тој е единствениот двократен олимписки шампион во машка сингл во историјата.

Исто така, на Олимпијадата 2012 година, Мареј освои сребрен медал во мешани двојки во пар со Лора Робсон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close