Марез играч на неделата во Лигата на шампионите

 Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Ријад Марез е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите.

Триесетгодишниот играч постигна два гола на мечот против Пари Сен-Жермен, додека „граѓаните“ победија со 2:0 и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.

Во конкуренција за признанието уште беа и дефанзивецот на Манчестер сити, Рубен Дијас, како и фудбалерите на Челзи, Нголо Канте и Каи Хаверц.

Манчестер сити и Челзи на 29 мај во Истанбул ќе одлучуваат кој ќе биде нов европски фудбалски шампион.

Back to top button
Close