Маричиќ не очекува друга блокада од Бугарија, по уставните измени

Бојан Маричиќ – вицепремиерот за европски прашања смета дека Бугарија ќе нема кредибилитет повторно да ја блокира земјава на евроинтеративниот пат доколку се усвојат уставните измени. Тој смета дека постои предвидливост во процесот, зашто обврските се напишани на хартија.

„Секоја држава, држава-членка, има можност во текот на преговарачкиот процес да отвори прашања, но нашите обврски со Бугарија се цврсто забележани и напишани во преговарачката рамка и во сите билатерални документи што ги имаме со нив и јас не очекувам други блокади по завршувањето на оваа крупна обврска“, рече Маричиќ.

Маричиќ денеска изјави дека со секој изминат ден има се помалку време за завршување на обврските, но очекува процесот на уставни измени да финишира до крајот на годинава.
Тој повтори дека во оваа насока се разговара и со пратениците и со политичките партии во целина.

Маричиќ истакна дека гласањето за уставните измени ќе биде закажано во моментот кога власта би била блиску до обезбедување 80 пратенички гласа „за“.

Back to top button
Close