Маричиќ: Пописот е успешен, бројките покажуваат дека бојкотирањето не наиде на голема поддршка

 Бројките од пописот детално ќе бидат соопштени вечерва од страна на Државниот завод за статистика. Јас сум задоволен што успеавме да ја реализираме оваа операција и покрај сите проблеми со кои се соочивме. Бројката на попишани граѓани е околу 1,9 милиони, вели  министерот за правда Бојан Маричиќ.

Маричиќ во гостувањето на „Само интервју“ појасни дека податоците за граѓаните се земаат од седум бази, што претставуваат појдовна основа за теренскиот попис. Во однос на непопишаните граѓани, тој очекува ДЗС вечерва да ја соопшти бројката на граѓаните кои не се попишани.

– Честитки до Заводот за статистика, бидејќи направија максимални напори повеќе пати да отидат на некои места и да ги убедат граѓаните да се попишат. Навистина е мал бројот на граѓаните кои не се опфатени или одбиле да се попишат. Тие кои не се опфатени, ако ги има, се на граница на статистичка грешка и тоа се случува во речиси сите држави, додаде Маричиќ.

Во однос на продолжување на пописот министерот истакна дека оставаат на ДЗС да кажат дали има потреба или не. Тој додаде дека со оваа бројка на попишани граѓани нема потреба Законот повторно да се врати во Собрание и да се расправа за него, во екот на предизборната кампања.

Министерот Маричиќ изразувајќи го својот став посочи дека според него пописот е успешен, и оти бројките покажуваат дека бојкотот на пописот не наиде на голема поддршка.

За оние кои свесно одбиле да се попишат, тој изјави дека не можат да влезат во базата бидејќи не се опфатени во пописот, не можат но сепак ДЗС ќе одлучи дали ќе иницира прекршочна пријава за нив

Back to top button
Close