Машко лице допирало 12-годишно девојче во парк во Аеродром

Настанот се случил кон крајот на месец ноември.

– На 26.11.2025 во 11:40 часот жена од Скопје пријави во СВР Скопје дека на 24.11.2025 во 18:00 часот во парк на територија на општина Аеродром, машко лице ја допирало по телото нејзината 12-годишна ќерка, информираа од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close