Масовна тепачка во Карпош: Седум лица приведени од пред угостителски објект

На 1 март 2026 година во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје привеле седум лица поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.
Станува збор за Е.Ф. (23), С.С. (26), М.М. (25), К.Т. (26), Д.В. (22) и К.Н. (23), сите од Скопје, како и К.Ј. (21) од Крива Паланка. Според информациите, околу 00:30 часот пред угостителски објект тие влегле во меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Извор: skopje1.mk






