Масовни протести во Тирана: Солзавец, оган, запалени објекти и судири меѓу полицијата и демонстрантите

Продолжија инцидентите при демонстрациите на студентите во Тирана, кои траат трет ден, јавува албанската агенција АТА. Про тоа, биле оштетени јавни објекти низ албанската престолнина.

Откако се оддалечиле од пределот околу Министерството за образование, демонстрантите запалиле фрижидери што ги извадиле од киосци кои претходно ги демолирале, предизвикувајќи штета на јавниот имот и на околните деловни објекти.

Демонстрантите повторно се собрале на улицата Драч, зад Националниот историски музеј во Тирана.

Тие кршеле гранки од дрвјата и ги фрлала во огнот, а истовремено ги кршеле и излозите на околните продавници.

Според Агенцијата, демонстрантите се обиделе да ги нападнат и седиштето на владејачката Социјалистичка партија и Банката на Албанија, но полицијата употребила солзавец за да ги растера.

Потоа, демонстрантите се упатиле кон централниот плоштад „Скендербег“, од каде продолжиле кон Градското собрание на Тирана, фрлајќи камења кон зградата. Полицијата одговорила со солзавец.

Полицијата употребила солзавец и против демонстрантите собрани на плоштадот „Скендербег“, каде што дел од нив останаа и понатаму.

Во одделен инцидент, демонстрантите провалиле во деловна банка во близина на плоштадот „Непознат јунак“ и го демолирале нејзиниот ентериер. Дел од демонстрантите, меѓу кои и лица со маски, изнеле документи од банката и ги запалиле на улицата.

Според Албанската агенција, судири меѓу демонстрантите и полицијата биле пријавени и на влезот во поранешната населба Блоку, каде што полициските службеници употребиле солзавец. Демонстрантите запалиле и стражарска куќичка во близина на поранешната руска амбасада.

Демонстрантите продолжиле по булеварот „Маченици на нацијата“, движејќи се кон канцеларијата на премиерот.

Back to top button
Close