Маж починал додека возел, му се слошило и удрил во паркиран автомобил

Четириесет и четиригодишен маж од гостиварско почина додека возел, откако му се слошило и удрил во друг автомобил.

-На 31.07.2024 во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица ,,Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар. Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар, информираат од МВР

Back to top button
Close