Маж повреден при пукање во близина на Ерусалим

Далеку од Газа, еден маж е повреден во пукање на контролен пункт во близина на Ерусалим, соопштија израелските служби за итни случаи.
Како што пренесе Би-Би-Си, 20-годишниот маж се здобил со „повреди на екстремитетите“ при инцидентот на контролниот пункт Минхарот на Западниот Брег.
Дописникот на Тајмс оф Израел јави дека вооружениот маж бил застрелан од безбедносните сили.






