Маж пронајден мртов со прострелна рана во градите во прилепско

68-годишен маж од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавеното, А.В. од село Беровци го пронашол својот татко С.В. (68) починат во нива во атарот на селото.

Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт.

Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со испалена чаура во цевката.

На местото бил извршен увид од надлежните екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините и околностите за смртта

Back to top button
Close