Маж се разнесе на железничка станица во Чачак

Маж, чиј идентитет сè уште не е потврден, денеска околу девет часот загина откако активирал бомба на железничката станица во Чачак, јави српската агенција БЕТА.

Според првичните информации, човекот седел сам на клупата, кога ја активирал бомбата.

Иако на станицата имало други лица, нема повредени.

Полициската истрага е во тек.

Back to top button
Close