Maж влегол во кафуле и гостите ги полил со киселина – едно лице е тешко повредено

Девет лица се повредени денеска во напад со киселина во кафуле во западниот германски град Бохум, јавуваат германските медиуми.

Локалната полиција соопшти дека „во кафулето околу 15:25 часот влегол маж и ги полил со киселина гостите кои седеле на масата во градината“, меѓу кои едно лице е тешко повредено.

Повредени се и една келнерка и една жена која била најблиску до мажот кој бил најтешко повреден, како и четворица полицајци и двајца пожарникари кои дошле во контакт со течноста откако пристигнале на местото на настанот.

Напаѓачот побегнал од местото, но набрзо бил уапсен, објави порталот aussiedlerbote.de.

Полицијата соопшти дека не е познат мотивот за нападот и дека истрагата е во тек, а напаѓачот е на распит

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close