Мбапе го пропушти тренингот на Франција поради болки во грбот

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе го пропушти вчерашниот тренинг на репрезентацијата поради болки во грбот, пренесува „RMC Sport“.

Избраниците на Дидие Дешамп се подготвуваат за пријателскиот натпревар со Канада.

Според изворот, напаѓачот имал проблеми со грбот цели 72 часа, дури и пред натпреварот со Луксембург на 5 јуни. Забележано е дека непријатноста не е сериозна. Дополнителен преглед треба да биде извршен денес.

Натпреварот Франција – Канада ќе се одигра вечер во Бордо со почеток во 21 часот и 15 минути.

Back to top button
Close