Меџити без конкретен одговор за дивоградбите во Чаир ја праќа Арсовска да видела во Сарај
Вицепремиерот Изет Меџити на прашање во интервју на тв Сител да даде коментар за акциите на терен на градоначалничката на Скопје Арсовска за лов на дивоградбиво Чаир во која тој во два мандата беше градоначалник а сега е неговиот сопартиец Висар Ганиу без конкретен одговор , се обиде на овој скндал да му даде политичка димензија. За дивоградбите кои веќе втор ден Арсовска ги обелоденува со документи дека се со фалсификувани дозволи и со најава дека град Скопје му отфрлила 150 вакви објекти и не ги легализира вицепремиерот Меџити прво ги сведе на конфликт помеѓу Арсовска и Ганиу околу сметот во општината и работењето на комунална хигиена без да објасни дал и што со овие големи згради без дозволи и со фалсификувани документи впишани во катастарот. Тој на крај оваа акција на Арсовска за лов на дивоградби рече дека е нарачана од друга страна и и порача наместо во Чаир да одела во општина Сарај каде што според него сите градби се дивоградби и се легализираат за 1 евро по квадрат.Општина Сарај има градоначалник од ДУИ и таму градоначалник беше еден ов врот на ДУИ Блерим Беџети и веројатно тие според Меџити биле нарачатели за обвинувањата што ги прави Арсовска. Сепак тој ниту демантираше ниту потврдуваше дивоградби со фалсификувана документација во Чаир. Обвинителството попладнево се огласи и извести дека отвара постапка по наводите од Арсовска и повика сите што знаат за вакви злоупотреби да ги достават информациите до нив.