Политико: Бугарија од 1. јануари 2026 година почнува да го користи еврото
Европската унија наскоро ќе го одобри барањето на Бугарија да го усвои еврото на 1 јануари 2026 година, со што Бугарија ќе стане 21-ва членка на монетарната унија на блокот, објави „Политико“.
Неколку функционери за „Политико“ изјавија дека се очекува Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ), конечно, да го дадат своето одобрение за извештајот што ќе биде објавен следната среда.
Пристапувањето на Бугарија во еврозоната би ѝ помогнало на земјата да ја зголеми трговијата со остатокот од блокот, да ги намали трансакциските трошоци и да го зајакне своето влијание во Брисел.
„Влегувањето во еврозоната само ќе го зајакне суверенитетот на Бугарија – ние ќе учествуваме во процесот на донесување одлуки на ЕЦБ“, изјави за „Политико“ Атанас Пеканов, бугарски економист и поранешен вицепремиер.
Во моментов левот е официјална валута во Бугарија.
Доколку Бугарија се приклучи на единствената валута како што е планирано во 2026 година, гувернерот на бугарската централна банка ќе добие формално место во Управниот совет на ЕЦБ