Меџити за Ахмети и Таравари: Не се здружија за Албанците, туку за „Лотарија“ и „Соравиа
Вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, го критикуваше „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, каде, според последните информации, ќе се приклучи и Арбен Таравари.
Според Меџити, нивното здружување нема врска со интересите на граѓаните и Албанците, туку со лични и бизнис интереси.
-Не се здружија за граѓанинот, не се здружија за Албанецот. Се здружија за „Лотарија“, се здружија за „Соравиа“, се здружија за да го спасат Али – изјави тој на отворањето на изборниот штаб на ВЛЕН во Старата скопска чаршија.
Меџити додаде дека ВЛЕН останува посветен на реалните интереси на граѓаните и на борбата за транспарентност и правда, најавувајќи убедлива победа на претстојните локални избори.