Ме изненадуваат коментарите кои позитивните шанси ги претвораат во нешто спротивно, вели Гир за толкувањата на изјавите на Шарл Мишел и Макрон
Она што постојано ме изненадува е тоа како оние кои коментираат успеваат позитивните шанси кои се презентираат да ги претворат во нешто сосема спротивно, црното станува бело, а белото црно. Ова меѓудругото го кажа евроамбасадорот Дејвид Гир во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на ТВ Сител, коментирајќи ја и давајќи објаснување на изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел од неговото обраќање на неодамнешниот Бледски стратешки форум, како и онаа на францускиот претседател Емануел Макрон, и двете поврзани со проширувањето на ЕУ.

„Точно е дека претседателот (на Европскиот совет Шарл Мишел н.з.) ја спомена 2030 година (за следно проширување на ЕУ со нови членки н.з.), и самиот претседател Макрон секогаш ја подвлекува важноста на проширувањето од перспективата на напредокот, стабилноста и безбедноста. Она што постојано ме изненадува е тоа како оние кои коментираат, успеваат позитивните шанси кои се презентираат, да ги претворат во нешто сосем спротивно, црното станува бело а белото црно. Ова е шанса, ова е јасна порака до земјите кандидатки дека ги сакаме внатре, дека ја сакаме оваа земја, Северна Македонија во ЕУ, еве ви можност, тоа е планот“рече Гир во интервјуто.






