Меѓународниот суд на правдата денеска ќе ја соопшти одлуката по тужбата на Украина за руската инвазија  

Највисокиот суд на Обединетите нации се очекува денеска да донесе одлука за тужбата со која се оспорува руската инвазија врз Украина, што е прва таква пресуда на овој меѓународен суд од почетокот на војната пред речиси три недели, јави ДПА.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг денеска ќе ја соопшти својата одлука во итната постапка на Украина против Русија.

Украина ја обвини Русија за кршење на Конвенцијата за геноцид од 1948 година и побара судот да нареди итен прекин на непријателствата.

Украина, исто така, побара судиите да утврдат дека не постои правна оправданост за инвазијата. Русија го бојкотираше сослушувањето на 7 март, појаснува германската агенција.

Иако пресудите на МСП се обврзувачки, тој нема никаква извршна моќ да ги спроведе во ниту една земја

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close