Мечка била забележана на една од патеките на Водно

Профилот SkiMacedonia (СкиМакедонија) информираше дека вчера била забележана мечка на една од планинарските патеки кон Водно и ги повика посетителите да бидат особено внимателни.
Според објавата, мечката била забележана по селото Нерези, во близина на Горно Крушопек.
„Мечка е пријавена дека е забележана после Нерези, кај Горно Крушопек. Во планинарските друштва веќе е пријавено присуството на мечката на рутата Јасен – Матка – Нерези“, се наведува во објавата на SkiMacedonia.
Од профилот апелираат до планинарите, рекреативците и сите посетители на Водно да се движат внимателно, по можност во групи и да избегнуваат движење во осамени делови од планината додека не се утврди движењето на животното.






