„Медена земја“ вечер на Струмица опен фестивал

– Вечер на програмата на „Струмица опен фестивал 2020“ е проекцијата на најнаградуваниот македонски документарец „Медена земја“.

Во јануари минатата година филмот триумфираше со три награди на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Овој македонски филм досега има освоено повеќе од 60 награди на престижни фестивали ширум светот и се најде и на листите за најдобри филмови за изминатата година во реномирани списанија, а беше и македонски кандидат за Оскар годинава.

Синоќа на отворено беа прикажани краткометражните филмови „Стикер“, „Без љубов“, „Види ја ти неа“ и „Награда“, а по нив следуваше проекцијата на долгометражниот филм „Три дена во септември“.

Годинашново издание на фестивалот, кој се одржува под мотото „Поинаква приказна-СОФ 2020“, почна на 9 август, а до 3 септември, кога завршува, ќе се одржат најразлични културни настани.

Организаторот, Здружението „Културен забавен живот“, потсетува дека за присуство на настаните од програмата на СОФ задолжително е носење лична заштита, одржување физичко растојание и дезинфекција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close