Медиуми: Претседателот на Наполи деновиве на средба со Мурињо

Првиот човек на италијанскиот првак Наполи, Аурелио Де Лаурентис, во текот на оваа недела ќе оствари средба со португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо, јавија денеска италијанските медиуми.

Единствена тема на средбата ќе биде потенцијален ангажман на Мурињо на клупата на Наполи на која сега седи Валтер Мацари, кој беше донесен како привремено решение.

Наполи лани по долга пауза ја освои титулата во Серија А, но оваа сезона резултатите на клубот се под очекувањата.

Мурињо претходно овој месец доби отказ во Рома, а италијанските медиуми наведуваат дека Португалецот не сака да ја напушти Серија А и одбил понуда да го преземе саудискиот клуб Ал Шабаб.

Back to top button
Close