Мекларен рејсинг и Галф оил интернешнл го претставија новиот уникатен изглед за Големата награда на Монако

„Мекларен рејсинг“ и стратешкиот партнер, „Галф оил интернешнл“, претставија посебен, иновативен дизајн со што го прославија своето историско партнерство со еднократен легендарен дизајн за Големата награда на Монако за 2021 година, на 21-23 мај. Евокативниот дизајн го означува враќањето на спортот на едно од најкултните гран-при на Формула 1 и на обожавателите им долови една од најпрепознатливите и најпочитуваните униформи во мотоспортот на сите времиња.

Мекларен има длабоко вкоренета и успешна историја на трки со Галф, а двата бренда ја обновија својата соработка во јули 2020 година, кога тимот најавии враќање на брендот како официјален стратешки партнер. Ретро изгледот на Мекларен ќе го одбележи безвременскиот дизајн на Галф, истовремено рефлектирајќи ја тркачката врска што започна уште во деновите на основачот на тимот, Брус Мекларен.

Тимот ќе ја носи тркачката сина боја на Галф, надополнета со портокалова лента, тесно заснована на класичниот дизајн на Галф, за време на целиот тркачки викенд на Големата награда на Монако. Дизајнот ќе се појави на двата тркачки автомобили MCL35M, тркачките одела на Ландо Норис и Даниел Рикиардо, опремата на тркачкиот тим и низ сите тимски платформи на социјалните медиуми.

Дополнително, Ландо и Даниел ќе носат тркачки шлемови со уникатни ретро дизајни, креирани специјално за настанот, коишто ќе се изберат за партнерот на тимот, Мајнд, добротворна организација за ментално здравје.

Големата награда на Монако во 2021 година нема да биде место каде за првпат тркачки автомобил на Мекларен ги носел легендарните обележја на Галф. Во 1997 година, на трката 24 часа Ле Ман, Мекларен Ф1 ГТР Лонгтејл #41 заврши втор, додека се натпреваруваше со сината боја на Галф и флуро-портокаловата боја.

Во пресрет на тркачкиот викенд, тимот преку својата веб-страница и каналите на социјалните мрежи ќе објави херојски филм, којшто ја прикажува историјата на препознатливата соработка меѓу двата бренда, откривајќи им го на обожавателите наследениот дизајн.

Зак Браун, Главниот извршен директор на „Мекларен рејсинг“, рече:

„Ова ќе биде омаж на Мекларен за прославениот дизајн на тркачки автомобили на Галф. Ние сме огромни обожаватели на храбар и смел дизајн, а впечатливата сина боја на Галф е меѓу најомилените во овој спорт, прославено парче култура што го надминува светот на мотоспортот.

„Дизајнот отсекогаш бил важен за Мекларен – ова може да се види во сè што правиме, од нашето враќање кон папаја, до маркантниот штаб, Технолошкиот центар Мекларен. Возбудени сме што ова го изложуваме заедно, како тим и ја прославуваме нашата посебна поврзаност со Галф во Монако“.

Мајк Џонс, Главниот извршен директор на „Галф оил“, рече:

„Галф и Мекларен имаат врска којашто датира од 1968 година и е едно од најуспешните партнерства во мотоспортот. Неверојатно сме возбудени што со нашиот класичен дизајн му оддаваме почит на ова наследство на Големата награда на Монако, најспектакуларниот и најстилскиот настан на календарот на Формула 1.“

„Навистина беше посебно чувството да се види реакцијата на Ландо и Даниел, како и на целиот тим на Мекларен за овој изглед и ние сме воодушевени што истиот ќе им го претставиме на фановите на мотоспортот ширум светот. Познатите тркачки сини и флуро-портокалови бои на Галф се иконични, така што одбележувањето на нашето враќање во Формула 1 и прикажувањето на боите во Монако со Мекларен е одлично одбележување на нашето смело и шарено место во спортот“.

Back to top button
Close