Мексико е прв патник во нокаут фаза на фудбалскиот Мундијал – Канада го демолираше Катар со 6:0
Мексико е првиот патник во нокаут фазата на Светското првенство!

По неубедливиот настап и победата над Јужна Африка во првото коло, еден од домаќините на Мундијалот го повтори истиот рецепт и во второто коло. Мексиканците не се истакнаа во Гвадалахара, но сепак славеа минимална победа над Јужна Кореја пред преполните трибини на стадионот „Акрон“ – 1:0.
Јужна Кореја ќе има многу причини за жалење бидејќи утринава беше за нијанса подобар противник. Создадоа шанси и промашија, што може скапо да ги чини, особено ако не ја совладаат Јужна Африка во следното коло и не обезбедат место во нокаут фазата од второто место.
Мексиканците, од друга страна, се целосно опуштени кога одат на натпреварот против Чешка, бидејќи го обезбедија првото место во групата со трите освоени бода.
Канада и Катар се сретнаа во групата Б, а прашањето за победникот веќе беше решено уште во првото полувреме.
Канада поведе во 16-тата минута со голот на Кајл Ларин, по што следеа два гола на Џонатан Дејвид во 29-тата и третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Натан Салиба го зголеми резултатот на 4:0, потоа следеше автогол на Катар, а конечниот резултат го постави Дејвид на крајот од натпреварот.
Со оваа победа, Канада го освои првото место во Групата Б со четири бода и гол-разлика од 7:1, додека Швајцарија е втора со ист број бодови и гол-разлика од 5:2.
Босна и Херцеговина го зазема третото место со еден бод, а четвртопласираниот Катар има ист учинок.
Во последното коло, на 24 јуни, Канада ќе игра против Швајцарија во Ванкувер, а Катар ќе игра против Босна и Херцеговина во Сиетл






