Меланија Трамп се врати во Белата куќа по четири недели отсуство

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска се врати во Вашингтон по четиринеделно отсуство, за да присуствува на годишната свечена вечера и приемот на државните гувернери.

Настанот се одржа во Источната соба на Белата куќа, каде што Меланија Трамп седеше на маса украсена со вазни полни со бели хортензии и лалиња, пренесува Си-Ен-Ен.

– Таа вложи многу труд за сè да изгледа прекрасно. И навистина е одлична во тоа, изјави претседателот Доналд Трамп пред собраните гувернери.

Според медиумските извештаи, Меланија Трамп ќе поминува уште помалку време во Вашингтон од планираното, а се очекува поголем дел од времето да минува меѓу Њујорк, каде што нивниот син Барон студира, и Флорида

Back to top button
Close