Мерц по денешните избори во Германија: Победивме
„Победивме на овие избори“, објави Фрудрих Мерц, лидер на Демохристијаните (ЦДУ), во обраќањето пред присутните во Берлин по објавувањето на резултатите од првичните излезни анкети.
Неговата партија, заедно со баварската сестринска партија Христијанско-социјална унија (ЦСУ), според непотврдените излезни анкети освоија вкупно 29 отсто од гласовите.
„Она што сакам да го кажам на нашите бирачи е „ви благодарам“ што ни укажавте доверба, мене лично и на нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во смисла на одговорност. И свесен сум за обемот на работа што е пред нас. Со најголема почит ја преземам таа одговорност“, продолжи Мерц.
Нагласи оти брзо формирање на коалиција е важно.
„Надворешниот свет нема да нè чека. Сега ќе разговараме едни со други и што поскоро мора да составиме одржлива влада во Германија, влада која ќе може да делува врз основа на мнозинство“, порача Мерц