Мерц во посета на Париз

 

Кандидатот на Христијанско-демократската унија/ Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) за канцелар на Германија, Фридрих Мерц денеска во Париз ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Германскиот весник Билд објави дека Макрон го повикал Мерц на приватна вечера.

Додека бриселскиот портал Политико објави дека се очекува Мерц и Макрон да разговараат за политичката ситуација во Германија по одржувањето на вонредните парламентарни избори и за тековните разговори за формирање на владејачката коалиција.

Исто така тема на разговор на средбата Макрон – Мерц ќе бидат и трансатлантските односи, откако францускиот претседател вчера разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тоа ќе биде прво патување на Мерц во странство по изборите. Портпаролот на ЦДУ одби да ја потврди информацијата за посетата на Мерц на Париз.

Претходно, Макрон имаше видео-повик со европските лидери со кои разговараше за средбата со Трамп

Back to top button
Close