Мерц за промената на миграциската политика на Германија по критиките од Трамп

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека не верува оти критиките на американскиот претседател Доналд Трамп за европската миграциска политика се однесуваат на Германија.

На состанокот со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Берлин, Мерц рече дека постојано го информирал Трамп за новите политики за азил и миграција на неговата администрација.

Мерц изјави дека планира да му каже на Трамп дека неговата влада била „многу успешна во речиси преполовување на бројот на баратели на азил во Германија“.

– Претпоставувам дека и тој ќе препознае дека направивме корекција на курсот во област што навистина беше значителен товар за нас во Германија, додаде Мерц.

Коментарите се одговор на неодамнешниот напад на Трамп врз Европа во интервју за Политико и на новата стратегија за национална безбедност на САД, пренесува ДПА.

Мерц рече дека може да се смета на соработката на Германија со Вашингтон доколку Трамп „не може да се поврзе со институцијата или структурата на Европската унија“.

САД остануваат партнер, рече германскиот канцелар.

– Се надевам дека и Америка го гледа тоа на ист начин од своја перспектива кон Европа, а исто така и кон Германија, додаде тој.

Back to top button
Close