Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на отворањето на Канскиот филмски фестивал

Холивудската ѕвезда Мерил Стрип вечерва ја доби почесната Златна палма на церемонијата на отворањето на 77-от Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“, сопштија организаторите.

– Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, рече француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.

– Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице, рече Мерил Стрип.

Вечерва во Кан почна 77-от Меѓународен филмски фестивал, кој ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма ќе се борат за наградата Златна палма.

Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседателка на жирито е Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари

Back to top button
Close